Русија не прифаќа демилитаризација околу нуклеарката Запорожје, вели претставникот во ОН

Од:

Рускиот постојан претставник во ОН Василиј Небензија изјави дека Русија не го поддржува предлогот за создавање демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје.

– Демилитаризацијата на нуклеарната централа може да ја направи ранлива за оние кои сакаат да ја посетат. Никој не знае кои ќе бидат нивните цели, изјави Небензија.

Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на повлекување на воениот персонал и опрема од централата и инсистираше на избегнување воена акција во близина на централата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ