Америка укинува дел од мерките против Ковид-19

Од:

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги олесни мерките за Ковид-19, укинувајќи ја препораката за граѓаните на САД да се изолираат доколку дојдат во близок контакт со заразено лице.

Американската здравствена агенција објави и дека држењето растојание од најмалку два метри од другите повеќе не е задолжително.

ЦДЦ објасни дека промените се поради фактот што повеќе од 2,5 години од почетокот на пандемијата, речиси целото американско население стекнало одредено ниво на имунитет. Одредени мерки се задржани, а исто така се поттикнува и тестирање на лица со симптоми и нивни блиски контакти.

Додека лицата кои ќе имаат позитивен тест треба да останат дома најмалку пет дена и да носат маска вкупно 10 дена кога ќе бидат во контакт со други луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија