Уцената на Калуш Оркестра за „чистка“ на сцената од Руси не успеа, нема да настапат на фестивалот

Од:

Напорите на овогодинешните евровизиска победници, украинскиот оркестар Калуш Орестра, да ги принудат организаторите на „Sea dance“ фестивалот да го откажат настапот на диџејката Нина Кравиц поради тоа што е Русинка, не вродија со плод.

Организацијата на „Sea Dance“ официјално испрати соопштение во кое пишува дека Калуш Оркестра нема да настапат на овогодинешното издание на фестивалот.

„Откако Sea Dance Festival го отфрли ултиматумот на оркестарот Калуш, кој бараше откажување на настапот на една од најголемите ѕвезди на денешната електронска музика Нина Кравиз, која по потекло е од Русија, овој украински бенд нема да настапи на фестивалот.

Повиците на Калуш Оркестра да се „исчисти сцената од Руси“, во вид на ултиматум е недозволиво за организаотрите на фестивалот, истите што го организираат и Егзит.

Калуш Оркестра ги повика своите фанови на Инстаграм да го поддржат, како што рекоа, „чистењето на сцената“ и побараа од Sea Dance фестивалот да го откаже настапот на Нина Кравиц. Потоа Sea Dance фестивал излезе со официјална изјава, со што ваквото барање беше јасно отфрлено и експлицитно беше изразен ставот дека дискриминацијата на која било личност и уметник поради националност, раса или вера е целосно неприфатлива.

Во соопштението за медиумите, Sea Dance фестивалот ја осуди војната во Украина, истовремено нагласувајќи дека откажувањето на настапот на изведувачите само затоа што доаѓаат од одредена земја не е начин да се постигне мир, туку токму спротивното – начин за натамошни поделби, ескалација на омразата и продлабочување на конфликтите.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски