Разгневен Либанец вооружен со пушка го држи во заложништво персоналот на банката во Бејрут барајќи да му предадат 200.000 долари на неговата замрзната сметка.
Вооружениот напаѓач се закани дека ќе се запали и испука три предупредувачки истрели во Федералната банка во Бејрут, каде што има ограничувања за повлекување поради тешката економска ситуација низ земјата.
#Lebanon: “The Association of Lebanese Depositors said the father of the gunman is in the hospital and needs $50,000 and the man has $210,000 stuck in the bank that he is unable to access.”https://t.co/10gICT2F2e
— Kristine Beckerle (@K_Beckerle) August 11, 2022
Човекот носел канистер со бензин и држел до седум вработени како заложници во обид да пристапи до неговите пари кои се потребни за плаќање на болничките сметки на неговиот татко.
Братот на напаѓачот, Атеф ал-Чеик Хусеин, им рекол на новинарите: „Мојот брат има 210.000 долари во банка и сака да добие само 5.000 долари за да ги плати болничките сметки“.
И покрај тензичниот ќор-сокак, демонстрантите се собраа во негова поддршка.
BREAKING: Video of hostage situation in #Lebanon at a major bank in downtown Beirut. An armed man is holding bank staff until they release his deposits, he says are $210,000: pic.twitter.com/xG9A9H3Yl8
— Joyce Karam (@Joyce_Karam) August 11, 2022