(ВИДЕО) Талески: Наместо проекти, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните

Од:

„Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, 10 месеци не работат ништо освен што парите на граѓаните ги трошат на луксуз и партиски вработувања. Наместо поддршка кон граѓаните, во време на криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дополнително удираат по стандардот на семејствата преку покачување на комуналните услуги“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Општина Штип двојно, односно за 100 отсто ја зголеми цената на ѓубретарина. Наместо по 1,2 денари за метар квадратен, сега штипјани ќе плаќаат по 2,4 денари.

Зголемување на комуналните услуги за 25 отсто има и во општина Виница, додека во општина Радовиш исто така се зголемени давачките за комунални услуги.

Во Прилеп пак, поскапе јавниот такси превоз. Додека цените на услугите растат, во исто време гледаме како јавните претпријатија раководени од кадри од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри.

Неспособните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и нивните директори, за само 10 месеци успеаја да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат, за сега да бараат помош од Владата со цел да ја сокријат нивната неспособност.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека глумат загриженост за економскиот стандард нивни функционери летуваат на монденски локации, а нивните градоначалници удираат по џебот на граѓаните.

Ништо не е сменето во партијата предводена од Христијан Мицкоски.

Уште еднаш се докажа дека градоначалниците и директорите од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижат за граѓаните, туку важно им е само нивните џебови и џебовите на нивните партиски другари да бидат полни, додека општините и претпријатијата тонат во долгови“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он