Шест партии би влегле во 48. Национално собрание на Бугарија, покажува истражувањето Националното истражување е спроведено меѓу 1.020 полнолетни граѓани во периодот од 30 јули до 5 август, а истражувањето го спровеле бТВ и агенцијата „Маркет линкови“.
ГЕРБ-СДС, според истражувањето би биле прва политичка сила со 22,44 отсто, на второ место се „Продолжуваме со промената“ – 19,1 отсто. Движењето за права и слободи е трета политичка сила во Бугарија со 11,5%, по што следи Бугарската социјалистичка партија со 10,9%. Ултранационалистичката партија „Преродба“ и прозападната „Демократска Бугарија“ имаат многу блиски резултати, 8,4 и 8,3 отсто од оние кои изјавиле дека ќе гласаат на претстојните парламентарни избори на 2 октомври, јави дописникот на МИА.
Анкетата покажува дека под бариерата од 4 отсто за влез во идниот парламент се „Бугарскиот подем“ на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев со 3,9 отсто поддршка и партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ со 2,8 отсто.
Извор: МИА