Додека енергетската криза, предизвикана со руската инвазија на Украина, длабоко ја потресува Европа, Норвешка, земја меѓу најголемите извозници на електрична енергија на континентот, најавува можност за ограничување на извозот на струја. Норвешка и самата се нашла пред можен недостиг зимоска.
Поради нискиот водостој во јужниот дел на земјата, Владата на Норвешка може да ги стави своите потрошувачи пред меѓународните купувачи, пишува Гардијан. Како што наведува медиумот, тој потег може да ја погоди Велика Британија, како и Германија и Холандија, што исто така се потпираат на норвешката евтина струја од хидроцентрали.
Жителите на Осло се замолени да се тушираат пократко и да не тече постојано вода додека ги четкаат забите, затоа што резервоарите се исцрпени поради сушата.
Министерот за нафта и енергетика, Терје Ослан изјави пред норвешкиот Парламент на 7 август дека полнењето на езерата кај браните ќе биде приоритет во однос на производството на електрична енергија, кога нивото ќе падне под сезонскиот просек.
Како што тој истакна, производството на електрична енергија во јужниот дел на Норвешка, е намалено за 18 отсто во однос на минатата година. Производството на југозападот од земјата било најмало годинава.
Според него, засега мала е веројатноста за воведување рестрикции зимава, но, прекин во снабдувањето може да се случи следниот април или мај, иако првенствено за компаниите, а не за домаќинствата.
Извор: МИА