(ВИДЕО) Јовановски: Во време на криза Стојкоски троши 600.000 евра за непродуктивни трошоци

Од:

„Поминаа 10 месеци откако Стојкоски седна во градоначалничката фотелја. 10 месеци неспособност и партиски интереси наместо развој на општината и решавање на проблемите на ѓорчепетровци“, рече Кристијан Јовановски претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров.

„Овде имам два документи кои покажуваат дека ДПМНЕ и Александар Стојкоски имаат две лица, едно за во опозиција и друго кога се на власт. Ова е одлуката со која Стојкоски ги задолжи жителите на општина Ѓорче Петров за нови 600.000 евра, а ова е одлуката за 7 нови партиски вработувања.

За ДПМНЕ и Стојкоски кога се во опозиција општината е презадолжена и превработена, а кога ќе дојдат на власт, уште во првата година ја заглавуваат општината со нови кредити и нови партиски вработувања.

Почитувани, Градоначалникот Стојкоски е Доктор по задолжувања, затоа што како Претседател на Совет и како Градоначалник најмногу ја има задолжено општината!“, изјави Кристијан Јовановски претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево