Кока – Кола ХБЦ изгуби 190 милиони евра со напуштањето на Русија

Од:

Компанијата Кока – Кола ХБЦ соопшти дека претрпела еднократен финансиски удар од 190 милиони евра во првата половина годинава, поради трошоци поврзани со работа во Русија, каде ја запре продажбата на пијалакот по нападот на Москва врз Украина.

Кока – Кола ХБЦ ја ажурираше својата прогноза за деловни резултати, па сега очекува споредлива оперативна добивка во 2022 меѓу 740 и 820 милиони евра, поради намаленото присуство во Русија и проблемите со инфлацијата. Тоа претставува помалку од 831 милион евра, колку што пријави во 2021 година.

Компанијата за флаширање безалкохолни пијалаци, што Русија некогаш ја сметаше за еден од своите најголеми пазари, очекува да претрпи финансиски трошок од околу 82 милиони евра и во втората половина на годината, затоа што исцрпени се сите нејзини резерви во Русија, каде веќе нема да произведува или продава кока – кола или други компаниски брендови.

ХБЦ, што котира на лондонска берза, информираше и за пад на нето добивката од 34 проценти на околу 153 милиони евра за време од шест месеци, заклучно со 1 јули, поради зголемени трошоци и влијание на високата инфлација.

ХБЦ е една од бројните фабрики за флаширање на компанијата Кока – Кола, одговорна за локални франшизи за флаширање и продажба на пијалаци произведени од познатиот американски производител.

Компанијата Кока – Кола има над 20 отсто сопственички удел во ХБЦ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Ми изгоре устата: Станко се отру со минерална вода во Риека уште во мај

Предраг Петровиќ

Пристигнаа резултатите од анализата на пијалоците од Риека

По неколку случаи на труење, Кока Кола во Хрватска повлече одредени производи од пазарот

Фортенова: Превентивно ги повлекуваме сите пијалоци од Кока-Кола

Изгорено грло, повраќале крв откако испиле флаширани пијалоци во Хрватска – ги има ли и во Македонија?

Две лица примени во болницата во Загреб под сомнеж дека се затруле од газирани пијалоци, пиеле Кока Кола