Министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманан изрази „големи сомневања дека пожарот што продолжи (во Жиронд), е дело на подметнувачи на пожари“, јави дописникот на МИА.
„Утринава имаше осум пожари, помеѓу 08:00 и 9:00 часот, кои започнаа на неколку стотини метри оддалеченост, што е сосема невообичаено“, рече министерот.
Повеќе од 1.000 пожарникари беа мобилизирани како одговор на пожарите во регионот.
Извор: МИА