Ниту една партија или коалиција не се пријави на првиот ден во Централната изборна комисија за учество на предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври, јавува дописникот на МИА од Софија.
Документите се прифаќаат од 10 август и продолжуваат до 17 август во административната зграда на Народното собрание.
До 30 август партија или коалиција во Бугарија може да побара да се избрише нејзината регистрација за учество на парламентарните избори.
До 31 август со ждрепка ќе се утврдуваат бројките на партиите и коалициите на гласачкото ливче за предвремените парламентарни избори.