Новата грчка државна телевизија веќе има сигнал и почна да емитува програма.
Телевизијата стартуваше со утрински информативен блок, по примерот на приватните канали, а во текот на денот ќе се емитуваат и други емисии.
Програмата на новата државна телевизија се емитува од друга зграда, со оглед на тоа дека зградата на претходната радио и телевизија е се уште под опсада од поранешните вработени во медиумот.
Владата на Атина во јуни донесе одлука за затворање на државната радио телевзија ЕРТ. Според Владата ЕРТ била неефикасна и годишно трошела по 300 милиони евра. Затворањето на медиумот доведе до укинување на 2.700 работни места.
Потоа следуваше нацрт-закон, доставен од грчката Влада во Парламентот, за формирање нов медиум, кој ќе ја замени ЕРТ. Новата телевизија ќе биде независна од државата и нема да биде контролирана од власта и политичките партии.