Руските власти на Крим потврдија дека имало експлозии во близина на руски воен аеродром, но не соопштуваат многу детали.
Олег Кријучков, советник на руските власти на Крим, на својот канал на Телеграм објави: „Можам да потврдам дека се слушнале неколку експлозии во областа Новофедоривка. Ги замолувам сите да ги почекаат официјалните извештаи“.
Би-би-си јавува дека проруски воен командант на својот канал Телеграм објавил дека одекнале 10-тина експлозии: „20 километри од Новофедоривка, прозорците се тресеа и алармите се вклучија на автомобилите“.
Huge explosion at the military airport in Novofedorivka in Russian-occupied Crimea. About 200km (over 120 miles) from the frontline.pic.twitter.com/8POh6yNhmq
— Ostap Yarysh (@OstapYarysh) August 9, 2022
Руското Министерство за одбрана соопшти дека имало детонација на муниција во воената воздухопловна база на Крим и дека нема повредени.
„Муниција наменета за воздухопловните сили експлодирала во магацин лоциран на територијата на воениот аеродром Саки, во близина на градот Новофјодоровка“, се вели во соопштението на руската војска.
Магацинот не бил цел на никакво гранатирање или пукање, се додава во соопштението за печатот, но не е наведено потеклото на експлозиите.
Од друга страна, прорускиот шеф на здравствениот оддел на Крим објави дека во експлозиите се ранети пет лица, меѓу кои и едно дете.