Чаша од овој напиток можеби изгледа како обична зелена вода, но веројатно токму вода од хлорофил е новиот волшебен пијалок, бидејќи, според научниците, има многу предности за здравјето.
Хлорофилот е темнозелен пигмент кој се наоѓа во растенијата и алгите, давајќи им ја нивната препознатлива зелена боја. Тој е исто така важен за процесот на фотосинтеза, во текот на кој растенијата ја претвораат сончевата светлина во енергија која може да се користи.
Хлорофилот има слична молекуларна структура како и хемоглобинот – супстанца која ја прави крвта црвена и е одговорна за пренесување на кислород во телото. Научниците тврдат дека конзумираниот хлорофил разреден со вода, во организмот може да го подобри пренесувањето на кислородот, и како резултат на тоа да му даде повеќе енергија на човекот и да ја подобри неговата здравствена состојба.
Научниците, исто така, тврдат дека хлорофилот е силен антиоксиданс кој може да не штити од карцином, има антисептичко противвоспалително дејство и е одличен извор на магнезиум, витамин К, витамин Ц, фолна киселина, железо, калциум и протеини.