(ВИДЕО) Русија лансираше ирански сателит: „Нема да се користи за следење на Украина“

Од:

Руска ракета со ирански сателит утрово беше успешно лансирана во орбитата.

Сателитот „Khayyam“ е лансиран во 5 часот и 52 минути со руска ракета Сојуз од космодромот Бајконур, седиштето на руските вселенски лансирања лоцирано во јужен Казахстан, пишува Скај њуз.

Американските власти се загрижени за соработката во врска со вселенската програма меѓу Русија и Иран, стравувајќи дека сателитот не само што ќе и помогне на Русија да ја надгледува Украина, туку и ќе му дозволи на Иран да ги следи потенцијалните воени цели во Израел.

Техеран ги отфрли тврдењата дека Москва може да го користи сателитот за собирање разузнавачки информации од Украина, велејќи дека Иран ќе има целосна контрола врз операциите на сателитот.

Иран вели дека сателитот е дизајниран за научни истражувања, вклучително и мерење на радиоактивност и мониторинг на животната средина за земјоделски цели.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он