Во напад со бомба поставена покрај пат во источен Авганистан е уништено возило со кое се превезувале членови на пакистанската талибанска група, при што загинал еден од нивните водачи и тројца други милитанти, соопштија денеска официјални пакистански претставници.
Се уште никој не ја презел одговорноста за убиството на Абдул Вали, познат и како Омар Калид Хорасани, кој е меѓу убиените во синоќешниот напад извршен во авганистанската провинција Пактика.
Групата Техрик-е-Талибан од Пакистан ги обвини пакистанските разузнавачки агенти за убиството, не нудејќи никакви докази за таквите наводи.
Меѓу тројцата други убиени милитанти се и возачот на Хорасани и двајца негови блиски соработници.
Пакистанските талибанци се посебна група, но сојузници со авганистанските талибанци.
Извор: МИА