Израел прифати хуманитарен прекин на огнот, но Исламски џихад одби

Од:

Израел се согласи на хуманитарен прекин на огнот на предлог на Египет, но палестинската организација Исламски џихад ја одби понудата, објави израелската телевизија Канал 13.

Во извештајот се наведува дека е предложен прекин на воените дејствија во шест часот во понеделник или три часот во вторник.

Во меѓувреме, израелската телевизија Канал 12 објави дека анонимен израелски функционер потврдил дека се во тек контакти за воспоставување целосен прекин на огнот, исто така преку Египет.

Израелски извори за новинската страница „Вала“ изјавија дека Израел е загрижен дека влошената хуманитарна ситуација во Појасот Газа може да ја поттикне поголемата екстремистичка организација Хамас да се приклучи на борбите.

Досега, Хамас, кој владее со Газа, стоеше настрана од конфликтот што избувна во петокот кога израелската војска започна напади врз цели на Исламскиот џихад како одговор на, како што рече, конкретните закани од групата.

Израелските медиуми јавуваат дека прекинот на огнот ќе овозможи доставување на гориво за електраната до Појасот Газа.

Сега на таа територија има само четири часа струја дневно. Исламски џихад, наводно, отфрлил сличен предлог за прекин на огнот, изјавувајќи за ТВ Ал Мајадин, поврзана со либанскиот екстремистички Хезболах, дека „сега е време да се одговори на злосторствата на окупаторите“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел

Хамас: Нема да има договор за заложниците додека не заврши војната во Појасот Газа

Кац: Израел инсистира на правото да дејствува воено против Хезболах во секој договор

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа