Голем пожар во складиште за нафта на Куба, 17 исчезнати и 77 повредени

Од:

Седумнаесет лица се водат за исчезнати, а 77 се повредени во големиот пожар што избувна во складиште за нафта кога го удри гром во западна Куба, која во саботата упати повик за меѓународна помош.

Седумнаесет исчезнати се „пожарникарите кои биле во областа најблиску до пожарот“ кога се случила експлозијата, соопшти кабинетот на кубанскиот претседател кој „побарал помош и совет од пријателските земји кои имаат искуство во нафтениот сектор“.

Претседателот Мигел Дијаз-Канел на Твитер рече дека гаснењето на пожарот „може да потрае некое време“.

Тројца од повредените се во критична состојба, тројца се во многу тешка состојба, а 12 се здобиле со тешки телесни повреди, пишува официјалниот весник Гранма.

Пожарот избувнал во петокот вечерта кога гром удрил во еден од резервоарите за складирање нафта на периферијата на Мантазас, град со 140.000 жители, на околу сто километри источно од Хавана. Пожарот потоа се проширил на друга цистерна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД