Во превртениот полски автобусот имало 3 свештеници и 6 калуѓерки

Од:

Во сообраќајната несреќа што се случи утринава околу 5.35 часот на автопатот А4 во правец кон Загреб, меѓу Јарек Бишашки и Подворац каде полски автобус излета од патот, загинаа 12 лица, а 31 се повредени, од кои дел потешко, соопшти хрватскиот министер за полиција Давор Божиновиќ.

Во несреќата на лице место загинале 11 лица, а 32 се згрижени во болниците во Вараждин, Загреб и Чаковец.

– За жал, во меѓувреме почина уште едно лице кое беше згрижено во болница, така што во овој момент имаме 12 лица кои ги загубија животите во оваа сообраќајна несреќа – додаде Божиновиќ.

Станувало збор за група која планирала да оди на аџилак во Меѓугорје, рече министерот и додаде дека за несреќата бил информиран премиерот Андреј Пленковиќ.

Според информациите на полските медиуми, меѓу патниците во автобусот имало 3 свештеници и 6 калуѓерки.

Би можело да ве интересира

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

САД: Се преврте автобус на автопатот 20 во Мисисипи, загинаа седум патници

Автобуска несреќа во Турција, двајца загинати, 35 повредени

Шестмина повредени во автобуска несреќа во Србија

Горан Наумовски

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски