Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да не игра на Мастерсот во Монтреал.
„Бикот од Мајорка“ се врати на тренинзите по повредата на Вимблдон пред неколку дена, но сепак смета дека периодот на опоравување и подготовка треба да трае малку подолго.
Сопственикот на 22 грен слем титули почувствувал мала непријатност на тренингот во четвртокот, поради што не сакал ништо да ризикува.
Се надевам дека повторно ќе играм во Монтреал, турнир кој го сакам и кој пет пати сум го освоил пред публика која секогаш убаво ме дочекувала. Немам друг избор освен да размислувам за моето здравје во овој момент“, напиша Надал на Твитер.
Desde los días de vacaciones y mi posterior reincorporación a los entrenamientos todo ha ido bien estas semanas. Hace cuatro días que empecé también a entrenar el servicio y ayer, tras el entrenamiento, tuve una pequeña molestia que hoy seguía ahí.
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) August 5, 2022
Турнирот во Монтреал ќе се игра од 7 до 14 август, а таму нема да биде ниту Новак Ѓоковиќ поради тоа што не е вакциниран.
Надал го освои во 2005, 2008, 2013, 2018 и 2019 година, што беше последно издание на ова натпреварување.