Рускиот претседател Владимир Путин наводно размислува да побара од лидерот на Северна Кореја да му помогне да спроведе воена операција во Украина.
Според странските медиуми, тој би побарал помош во форма на воени сили, односно Ким Џонг-Ун да испрати 100.000 војници за борбени операции во Украина.
За возврат, „очајниот Путин“ како што го опишува „Дејли мејл“ во текстот, во тој случај рускиот претседател ќе испрати помош за Северна Кореја во вид на храна и енергија.
Официјален Пјонгјанг наводно преку дипломатски канали изјавил дека е подготвен да им помогне на руските сили во Украина, пренесува новинската агенција „Регнум“.
Според неофицијални информации, тие сили би биле ангажирани на територијата на Доњецк и Луганск, чија независност неодамна ја призна Северна Кореја.
Подготвени сме да испратиме 100.000 војници во Донбас, односно таму да префрлиме тактички единици“, се наведува во медиумите.
Воениот експерт полковник Игор Коротченко смета дека на оваа понуда не треба да се гледа негативно.
„Зошто да се срамиме да ја прифатиме раката на пријателство што ни ја подаде Ким Џонг-ун? Има извештаи дека 100.000 доброволци се од Северна Кореја. Најважно е што тие се мотивирани“, рече Корточенко.