Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (844), регистрирани се 188 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени три починати лица од Скопје (72г,76г и 83г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани три починати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г). Две лица се починати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 05.07. – 30.07.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387, а бројот на активни случаи изнесува 4.139