СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го сквернавеше Денот на републиката, Мицкоски кажа НЕ и на Илинден

Од:

Срамно, ниско и недостоинствено беше однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за време на најголемиот државен празник 2.Август – Денот на Републиката, велат од СДСМ.

„Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево намерно доцнеше по агендата, ја напушти манифестацијата пред да се интонира државната химна, а собирот на кои илјадници граѓани масовно и достоинствено го чествуваа празникот, ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребува во дневно партиски цели.

Мицкоски како и секоја година избега од најважните локации, си правеше приватна прослава со стотина поддржувачи и оттаму сееше омраза и поделби.

Тоа е само показател дека во ВМРО-ДПМНЕ и кај Мицкоски нема основно чувство за државност, нивното дејствување е исклучиво на штета на интересите на граѓаните и државата“, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он