ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го навреди народот, за него да се слушне народот на референдум е одење чекор назад

Од:

Ковачевски го навреди народот, за него да се слушне народот на референдум е одење чекор назад. Ковачевски упорно го вреѓа народот и јавно кажува дека не му значи неговото мислење во однос на преговарачката рамка и дека е спремен истата да ја турка на сила по секоја цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски не сака референдум, затоа што знае дека народот нема да даде поддршка на преговарачката рамка која тој ја турка, а значи бугаризација и асимилација.

Народот мора да има можност да го каже својот став, не може Ковачевски кој нема никаков мандат од народот да носи одлука да ја бугаризира државата и да ја стави во подредена положба.

Ковачевски ги минира македонските позиции. Со рамката ваква каква што е се дава можност Бугарија да ја блокира Македонија секогаш кога историската комисија нема да се согласи по одредени периоди или личности или становишта. Со тоа Бугарија може да ја блокира Македонија се додека не се прифатат нејзините тези за негација на македонскиот јазик и идентитет. Тоа е бугаризацијата која е затскриена зад протоколот.

Ковачевски знае дека народот ги прочитал неговите намери и затоа бега од референдум, на референдум ќе пропаднат сите негови манипулации и народот ќе ја отфрли бугаризацијата“, стои во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%