ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бегајќи од референдум го игнорира народот

Од:

Ковачевски бегајќи од референдум го игнорира народот, а за енергетската криза не презема ништо, само покачува цени, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Фрапантно е што Ковачевски упорно го лаже народот дека со преговарачката рамка е заштитен јазикот и идентитетот, а со неа всушност се дава можност на Бугарија доколку во Комисијата за историски прашања не се договорат во однос на одредено прашање да не блокира, односно да стави вето на нашиот пат кон ЕУ, додека не се исполни бугарскиот ултиматум. Што значи тоа? Тоа значи дека ставовите во однос на историјата мора да ги воедначиме со бугарскиот поглед, а тој гледаме дека ги негира јазикот и нацијата, па така имаме блокада за која ништо не пишува во рамката, но која би се случила доколку се промени Уставот и се почне со преговарање по бугарски услови. За на крај сето тоа да резултира со целосна бугаризација.

Ковачевски го знае сето ова, но свесно турка бугаризација, само за ден повеќе да се задржи на власт. Токму затоа е потребен референдум, кој ќе го спречи ова предавство во режија на Ковачевски и Пендаровски.

Во однос на енергетската криза Ковачевски не направи ништо. Земјите од регионот набавија веќе залихи на гас, мазут и јаглен, а дополнително имаат и процентуално поголемо производство на струја, за разлика од другите Македонија со Ковачевски ја чека есента за во паника да набавува енергенси и да се расфрлаат со провизии поради високите цени кои ќе бидат присутни“ се наведува во соопштението.

Од опозициската партија додаваат дека Ковачевски нема никаков план за иднината на Македонија. Негов единствен план, како што велат е како да се задржи ден повеќе на власт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%