Четворица починати и 178 нови случаи на Ковид-19

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.238 тестови, а регистрирани се нови 178 случаи на КОВИД-19: Скопје – 101, Прилеп – 11, Кавадарци, Гостивар и Охрид – по 10, Струга – 8, Тетово – 7, Битола и Неготино – по 5, Кочани – 3, Струмица – 2, Куманово, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (178), регистрирани се 33 реинфекции.

Регистрирани сe 592 оздравени пациенти од: Скопје – 259, Битола – 42, Куманово – 34, Прилеп – 32, Велес – 31, Кавадарци – 30, Тетово – 29, Штип – 20, Охрид – 19, Гостивар – 17, Кичево – 12, Струмица – 11, Неготино – 10, Гевгелија – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Крива Паланка и Валандово – по 4, Ресен и Берово – по 3, Струга, Кратово и Дојран – по 2, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Скопје (72г и 60г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, од Битола (67г) и од Струга (65г). Двете лица се починати во домашни услови. Лицата за починати се пријавени во период од 13.07. – 23.07.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.121.690 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 329.172, бројот на оздравени пациенти е 315.675, на починати е 9.381, а бројот на активни случаи изнесува 4.116

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски