Шредер: Путин сака да преговара за решение на војната

Од:

Герхард Шредер, поранешниот германски канцелар и пријател на Владимир Путин рече дека рускиот претседател сака да преговара за решение на војната во Украина. Според него минатомесечниот договор за испорака на жито може да биде чекор во таа насока.

„Добрата вест е дека Кремљ сака решение преку преговори. Првиот успех е договорот за житото и можеби од него полека да може да произлезе и прекин на огнот“, изјави Шредер за неделникот „Штерн“ и „РТЛ“.

Шредер оценува дека решенијата за клучните проблеми како што е Крим може да се најдат со тоа што ќе се дозволи да мине одредено време, како и оти „можеби нема да бидат потребни повеќе од 99 години како во случајот со Хонг Конг, туку дека решението ќе се најде во следната генерација“.

Шредер беше германски канцелар од 1998 до 2005 година и ја критикуваше војната во Украина, но одби да го осуди Путин кого сè уште го нарекува близок личен пријател. По интензивните критики тој во мај поднесе оставка на позицијата во управниот одбор на руската државна нафтена компанија „Роснефт“ и ја одби номинацијата за место во управниот одбор на „Гаспром“.

Минатиот месец Русија и Украина постигнаа договор за деблокирање на извозот на жито од пристаништата на Црното Море, а првиот брод што превезува украинско жито на светските пазари од почетокот на инвазијата синоќа пристигна во Турција.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина