Кинески воени сили започнаа вежби во три поморски области во близина на Тајван, пренесува РИА Новости.
Официјалниот претставник на борбената команда на Источната зона на Народноослободителната армија (ПЛА) Ши Ји најави почеток на воените вежби.
„На 2 август, Источната борбена команда на Народноослободителната војска започна серија заеднички воени операции околу островот Тајван, како и заеднички воздушни и поморски вежби во морето и воздушниот простор на север, југозапад и југоисток од Тајван“, рече Ши Ји.
Како што пренесуваат светските агенции под изговор за воени вежби, Народноослободителната војска на Кина го опколила островот Тајван. Всушност, воспоставена е блокада.
Претходно Кина најави воени вежби во шест поморски области околу Тајван.