Тројца починати и 1.171 новозаразен од Kовид-19

Од:

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена направени се 2.631 тестови, а регистриран е 1.171 нов случај на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (1.171), регистрирани се 275 реинфекции.

Во текот на изминатите 3 дена (29.07-31.07.2022) пријавени се 3 починати лица од: Скопје (75г, 80г и 83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.118.638 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.180, бројот на оздравени пациенти е 313.833, на починати е 9.373, а бројот на активни случаи изнесува 4.974.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски