Ние забележуваме секојдневно благо зголемување на новоинфицирани во државата, Скопје се уште е жариште, односно црвена зона. Меѓутоа, од аспект на оптоварување на системот се уште сме во жолта зона, истакна министерот за здравство Беким Сали на денешното отворањето на реновираниот Хируршки Ургентен Центар во склоп на ЈЗУ УК „ТОАРИЛУЦ“.
-Можам да дадам некоја бројка од некаде помалу од 100 пациенти во сите инфективни одделенија во државава што за пандемијата од искуството од минатото значи дека се уште сме во оптимстичка, односно жолта фаза, изјави Сали.
Апелира граѓаните со хронични болести да се вакцинираат со трета и четврта доза од вакцините против Ковид-19.
-Иако сме оптимисти дека врз системот нема оптовареност немаме ниту еден пациент на интензивна нега или зависни од кислород. Клиничката слика е многу важна во моментот но ние не треба да дозволиме да предизвикуваме некакви компиликации кај пациент затоа и апелираме, би побарал да бидат внимателни при комуникација, самоизолацијата е исто важна, препораки од комисијата ќе очекуваме денеска, истакна министерот.