Во текот на вчерашниот ден во 9.50 часот полициски службеници го уапсија Д.М.(31) од Пробиштип.
Тој се сомничи дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6.500 евра и 72.000 денари, за што беше пријавено пред два дена.
Тој е спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.