Носењето маски во јавниот превоз во Португалија останува задолжително барем до крајот на август

Од:

Португалските власти одлучија дека носењето заштитни маски во јавниот превоз поради Ковид-19 ќе остане задолжително барем до крајот на август.

Целта на таа мерка е заштита на претставниците на ризичните групи.

Носењето маски во јавниот превоз е „најсериозната мерка во сила и мора да остане за заштита на најранливите делови од населението“, рече Маријана Виеира, портпаролка на Владата на прес-конференција.

Иако „ситуацијата во моментов е под контрола и гледаме сериозен пад на смртните случаи, владата одлучи да ги следи советите на специјалистите“, додаде Виеира.

Португалија е меѓу рекордерите за вакцинација против Ковид, но бележи зголемување на случаите од мај, при што се верува дека причина е подваријантата BA.5 на варијантата на коронавирусот Омикрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија