Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласира во четврт-финалето на ИТФ-фјучерс турнирот во Котингбрун, Австрија. Тој во осмина-финалето го совлада Италијанецот Андреа Герери со 2:0 во сетови.
Ивановски го доби првиот сет со 6:3, а со идентичен резултат го комплетира и вториот. Македонскиот тенисер сега го очекува четвртфинална пресметка со Австриецот Петер Голдштајнер.
Извор: Топспорт