Во езерото Мид во близина на Лас Вегас полицијата наоѓа се повеќе човечки останки.
Бидејќи езерото почнало да се повлекува или да се намалува поради сушата, почнало да ги открива своите мрачни тајни.
Пред три дена пронајдено е уште едно тело, трето пронајдео во езерото.
На почетокот на мај на калливиот брег на езерото беше пронајдено буре со остатоци од човечко тело. Полицијата соопшти дека станува збор за лице кое било убиено во 1970-тите или 80-тите години.
Десет дена подоцна, две девојки откриле уште едно распаднато тело.
„Прво мислев дека тоа се остатоци од животно, а потоа почнавме малку да копаме и најдовме вилица. Тешко ми беше да поверувам дека всушност најдовме остатоци од човечко тело“, рекла Линдзи Мелвин, а пренесува од Би-Би-Си.
Video shows witnesses finding suspected human remains floating near the shore of Lake Mead Watch the entire video: https://t.co/yV9hoLKmCC
(Video: Jesus Catalan) pic.twitter.com/m8wQZcWDZi
— David Charns (@davidcharns) July 26, 2022
Најголемиот американски резервоар, езерото Мид, снабдува со вода за пиење 20 милиони луѓе во областа која се протега од Лас Вегас до Лос Анџелес. Неговото ниво почна да опаѓа во 2000 година, а ситуацијата се влошува со честите суши и климатски промени. Неговото сегашно ниво е најниско од 1937 година.
Лас Вегас важи за рај на криминалците поврзани со мафијата и се верува дека мафијашите ги фрлале телата на пртивниците и непријателите во езерото наведува АФП.
Неодамнешните сателитски снимки на НАСА покажуваат драматичен пад на нивото на водата.
„Најголемиот резервоар во САД снабдува со вода милиони луѓе во седум држави, племенски заедници и северно Мексико. Овие слики даваат јасна слика за ефектите од климатските промени и долготрајната суша која може да биде најлоша во западниот Соединетите Американски Држави во 12 века“, објави таа претходно. овој месец вселенската агенција.