„Газпром“: Турбината за Северен тек 1 сè уште не е пристигната

Од:

Извршниот директор на „Газпром“, Виталиј Маркелов, денеска соопшти дека сè уште не ја добиле Сименс турбината за компресиската станица Портоваја од гасоводот Северен тек 1, по ремонтот во погон за одржување во Канада.

Изјавата на Маркелов дојде денеска, кога испораките на гас од „Северен тек“ во Европа паднаа на речиси 20 отсто од капацитетот на гасоводот, според податоците на германскиот оператор „Гаскаде“.

Маркелов за доцнењето ја обвинува Сименс енерџи, компанијата која ја сервисираше споменатата турбина во Канада, објаснувајќи дека проблемите настанале како резултат на санкциите на Западот.

„Сименс енерџи“, пак, ја обвинува руската компанија и тврди дека „Газпром“ како клиент мора да достави царински документи за да ја увезе турбината во Русија.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Русија ја предупреди ЕУ: Ќе платите повеќе ако Украина не се согласи за транзит на руски гас

Приходите од руската нафта и гас се зголемени за 62 отсто

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа