Жерновски бара од Јанкулоска и во Центар да ги обнови пешачките премини

Од:

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски го пофали и смета дека е исклучително добар проектот “100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици“. Министерката за внатрешни работи ја промовираше акцијата со која 100 пешачки премини во општината Кисела Вода ќе бидат обновени и бојадисани пред почетокот на новата учебна година.

Градоначалникот Андреј Жерновски ја повикува министерката Јанкулоска истата акција и проект да ги спроведе и во Општина Центар бидејќи ја поддржува изјавата на министерката дека обновувањето и бојадисувањето на пешачките премини пред градинките, основните и средните училишта ќе придонесе за постигнување на една од најзначајните цели на националната стратегија за унапредување на безбедноста на патишата, а тоа е нула деца жртви во сообраќајот.

„Ја повикувам министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, исто како во општината Кисела Вода, да го спроведе проектот за обновување на 100 пешачки премини и во Општина Центар. Безбедноста е ненопходна за сите деца во сите општини и затоа ја повикувам министерката пред се’ да има нула деца жртви во сообраќајот, да го стори ова и во Општина Центар. Децата не се делат по никаква припадност, а најмалку смееме да ги казнуваме или наградуваме според партиското определување на градоначалниците и советниците“, вели градоначалникот на Општина Центар, Жерновски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски