Рускиот претседател Владимир Путин на 5 август ќе има средба со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во црноморското одморалиште Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Двајцата лидери ќе разговараат за регионалните проблеми и билатералните односи, пренесе агенцијата.
Ердоган одигра клучна улога во посредувањето во договорот потпишан од Русија и Украина во Истанбул минатата недела, со кој се дозволува извозот на украинското жито да продолжи преку Црното Море. Ова е втора средба меѓу двајцата лидери во рок од еден месец.
Путин и Ердоган последен пат разговараа на самитот во иранскиот главен град Техеран на 19 јули. Тогаш главна тема беше ситуацијата во Сирија, каде Анкара и Москва имаат различни позиции по прашањето за војната.
На средбата во Сочи, освен Сирија, на дневен ред треба да биде и Украина.