Земјите-членки на ЕУ договорија итен план за гас што има за цел да го ублажи влијанието од потенцијален целосен прекин на испораките на руски гас, јави ДПА.
Планот предвидува намалување од 15 отсто на потрошувачката на природен гас на земјите-членки меѓу 1 август 2022 година и 31 март 2023 година, изјавија дипломати за ДПА.
Дополнително, ќе се создаде механизам за активирање на алармирање на целиот блок во случај на голем недостиг на гас и за спроведување на обврзувачки цели за штедење.
Извор: МИА