Гори нискостеблеста шума кај Криволак, во гасењето вклучен и хеликоптер

Од:

Гори нискостеблеста шума во близина на воениот полигон Криволак. Противпожарната бригада од Неготино гаси од земја, а попладнево полета и воен хеликоптер кој ќе го гаси пожарот од воздух.

– Пожарот избувнал на патот Неготино-Штип близу стариот воен полигон на Армијата. Пожарот најверојатно се појавил доцна синоќа, а изутринава добивме известување од дежурните на полигонот. Бидејќи се работи за непристапен терен во гасењето на пожарот попладнево вклучивме и армиски хеликоптер кој само ќе помогне на противпожарната бригада од Неготино која веќе е на терен и добиваме информации дека пожарот е локализиран“, велат од Армијата за „А1он“.

Армискиот полигон е обезбеден со противпожарен појас, па од АРМ велат дека нема можност пожарот да се прошири.

Би можело да ве интересира

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин