Најмалку 40 новинари и медиумски работници загинале извршувајќи работни задачи во првата половина од оваа година, пренесе Ројтерс.
Околностите за уште 27 претставници на медиуми сè уште се нерасчистени, соопшти денеска Меѓународниот институт за безбедност на медиумите.
Најмногу новинари во првите 6 месеци од 2013 година загинале во Сирија, дури осуммина. Во 2012 бројот на жртви новинари и нивни помошници во таа држава е 70. Хана Сторм, директорка на Институтот, наведува во извештајот „Убивање на гласникот“ дека досега никој не е уапсен во врска со убиството на новинари.