(ВИДЕО) Мицковски е против воведување на енергетска кризна состојба

Од:

Јас сум против воведување на енергетска кризна состојба и ќе отворам дебата за да видиме каде отидоа парите од граѓаните во изминатиов период под превезот на енергетската криза, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за оценка на најавите на Владата за воведување енергетска кризна состојба.

– Да видиме колку тендери се потпишани во четири очи, колку пари отидоа за ископ во РЕК „Битола”, колку пари отидоа за мазут во „Битола”, „Осломеј”, ТЕЦ „Неготино”, колку пари отидоа за поддршка на ликвидноста на ЕСМ за да набавува електрична енергија. Сакам прво да видам каде отидоа народните пари, па дури потоа можеме да зборуваме за поддршка на следната, условно кажано, кризна состојба поврзана со енергетската криза, изјави Мицкоски на прес-конференција пред почетокот на Годишното собрание на партијата Демократски сили на Ромите (ДСР), која е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, обидите на власта за справување со енергетската криза, повеќе наликуваат на басната за штурецот, кој „цело време си свиркал и кога дошло времето, само тој останал гладен и не се подготвил за зимата”.

Тој обвини дека власта се обидува на мала врата да воведе состојба на енергетска криза, за да може „да склучува договори во четири очи и да краде”.

– Еден таков пример изминативе денови се случува со еден тендер кој што беше склучен во четири очи, а тоа е набавката на битумен за едно јавно претпријатие, каде според пресметката што ја направија комисиите во партијата, цистерната чини фантастични близу 12.000 евра. А пред само неколку недели, ЈП „Улици и патишта” во Скопје сличен таков материјал набави за, верувале или не, 11.000 евра помалку. Односно 1.200 евра, рече Мицкоски.

Тој посочи дека станува збор ЈП „Македонијапат” и дека има индиции оти станува збор за „сериозен криминал”, најавувајќи повеќе детали за наредните денови.

Запрашан ако веќе имаат докази за криминал, дали ќе ги достават до Јавното обвинителство, Мицкоски возврати со контрапрашање: „на кое Јавно обвинителство”, нагласувајќи дека тој и не знае „кое е името на тој јавен обвинител”.

– Затоа имаме осум проценти доверба во тоа Јавно обвинителство и затоа државата е рекордер на скалата на „Транспаренси интернешанл” според перцепцијата за криминалот и корупцијата, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Подготвени сме за разговор, не е добрососедство ако едната страна е понижена, а другата ликува

Според закон функцијата не постои, но со џентламенски договор во коалицијата Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски поседува часовници од 65 илјади евра – професорска плата или припадност на олигархијата?

Во буџетот недостасуваат пари и за тековните пензии, но линеарно покачување ќе има најави премиерот

Катерина Ѓуровски

Сега веќе не можете да сметате на нашата поддршка, порака од Борисов до Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Софија: Повторното преговарање за веќе преземените меѓународни обврски само дополнително ќе го одалечи Скопје од почеток на преговорите со ЕУ