Хрватската полиција објави нова информација за ноќната несреќа во која туристички брод со патници удри во сплитското западно крајбрежје, а се наведува дека капетанот на бродот е приведен. На бродот имало околу 50-ина патници и сите успеале да се симнат од бродот до брегот, па нема повредени, пренесува Index.hr.
На местото на настанот излегле пожарникари, вработени во Капетанијата на пристаништата и полициски службеници.
Истрагата што ја спроведе Капетанијата на пристаништата е во тек, додека капетанот на бродот е приведен во службените простории на полицијата заради спроведување на кривична истрага поради тоа што е констатирано дека е во алкохолизирана состојба и поради тоа е осомничен за кривичното дело прекршок Загрозување на посебни видови сообраќај, соопшти полицијата.