Скопјанец шверцувал 86 мигранти

Од:

На 23.7.2022 во 23.30 часoт на место викано „Каменот“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода Д.М.(44) од Скопје.

При преглед во товарно возило „сканиа“ со приколка, кое го управувал, биле пронајдени 86 лица мигранти од Пакистан, Сирија и Индија, меѓу кои имало и малолетници.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Возачот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Приведен криумчар на мигранти во близина на село Богородица

А1он

ВИДЕО: Криумчарел 15 Кинези во камионот, Босанец уапсен на „Богородица“

ВИДЕО: Шверцерите на мигранти во Европа имаат нова, морничава тактика

Приведен криумчар на мигранти, пренесувал 12 Непалци

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени девет лица од Сирија

Приведен 21-годишен криумчар, превезувал 13 мигранти од Сирија

Катерина Ѓуровски