Фудбалерите на Барселона го совладаа Реал Мадрид со резултат 1:0 во пријателски натпревар во Лас Вегас.
Стрелец на единствениот гол беше Рафиња, новајлијата во каталонскиот тим, во 27. минута. Бразилецот испрати проектил од дваесетина метри, а Тибо Куртоа не можеше да направи ништо.
? BOOOOOOOOM!!!! GOAL BARÇA! RAPHINHA GETS THE FIRST! 0-1! #ELCLÁSICO ?? pic.twitter.com/zDEdmbwEXu
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 24, 2022
Барса можеше и поубедливо да слави, но тоа не го дозволи Куртоа, кој му одбрани две одлични шанси на Дембеле, а одлична прилика пропушти и Кеси.
За Барса дебитираше и Роберт Левандовски, кој на полувремето беше заменет со Аубамејанг.
Во првото полувреме, пред голот на Рафиња, одлични шанси имаа Фати на едната и Валверде (статива) на другата страна.
Извор: Топспорт