Николоски: За едно фотографирање во Брисел, Владата на СДСМ и ДУИ ја понижи цела Македонија

Од:

Ние сме прва држава која има таканаречени две меѓувладини конференции, бидејќи согласно правилата на ЕУ започнувате почеток на преговори со меѓувладина конференција, во нашиот случај имаше фотографирање пред неколку дена и кога ќе го промениме Уставот и ќе кажеме дека Бугарите се основачи на нашата држава, на што секако ние се спротиставуваме и нема да го направиме, тогаш ќе почнеме пристапни преговори, тогаш ние може да ги почнеме преговорите, без никаква гаранција дека некогаш ќе ги завршиме, изјавил Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на летниот камп „Балвањос“ во Романија.

„Зошто го кажувам сето ова? Бидејќи ова создава голема фрустрација, голема поларизација и поделба на луѓето и комплетно ја уништува довербата во Европската Унија и ја руши секоја надеж дека има фер игра што ја става државата и регионот во многу тешка позиција затоа што сега нашите соседи велат штом го правите ова со Македонија зошто ние да правиме нешто друго, тие направија се, се понижија самите и се уште не можат да напредуваат“, нагласил Николоски.

Би можело да ве интересира

Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути

А1он

Николоски: СОРОС директно влегува во структурите на СДСМ

А1он

Николоски: До крајот на јануари ќе заврши целокупната експропријација за патните делници од коридорите 8 и 10д

СДСМ: Николовски повторно фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час и половина

А1он

ДУИ: Демантирана уште една лага, Николовски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје – Блаце