Полицијата уапси дилери во Радовиш

Од:

На 22.07. и 23.7.2022 во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.А.(18), Г.С.(31) и З.М.(46), сите од Радовиш.

Имено, на 22.7.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал В.А., при што била пронајдена марихуана. По преземени мерки било констатирано дека В.А. ја купил дрогата од З.М. и требало дел од неа да му предаде на Г.С..

Истиот ден, во 22.15 часот, од слобода бил лишен Г.С., а денеска (23.7.2022) во 10 часот од слобода бил лишен и З.М.. При претрес во домот на З.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Тие биле задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Притворени двајца дилери, полиција ги уапсила како препакуваат дрога

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Ангелов: Пожарот во близина на Радовиш веќе ставен под контрола, активни 15 пожари

Нов пожар на местото на досегашниот кај Радовиш

Поведена истрага против седум лица за улична продажба нa дрога во Скопје

Предраг Петровиќ