Мајчиното млеко е најдобрата храна за новороденчето и секако е незаменлива во првите шест месеци од животот.
Најновите препораки на педијатрите се дека бебето со дополнителна храна треба да се дои се до втората година од животот.
Мајчиното млеко содржи висока количина на хранливи материи, минерали, витамини, вода, антитела, што е идеална комбинација на белковини, јагленохидрати, масти и содржи се што му е потребно на бебето.
Децата, кои пиеле мајчиното млеко се помалку склони кон дебелеење, а некои истражувања покажуваат дека тие имаат повисок степен на интелегенција, отколку бебињата, кои се хранети со адаптирано млеко.
Доењето ги штити бебињата од инфекции, воспаление на средното уво, егземи, инфекции на мочните патишта, ги чува неговите заби и вид. Исто така доењето е одлична превенција од срцеви заболувања.