Советникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Стив Бенон вчера е осуден за непочитување на Конгресот, бидејќи одби да учествува во истрагата за нападот врз Капитол Хил на 6 јануари.
По четиридневно судење, американскиот Федерален суд го осуди Банон затоа што одбил да сведочи и да достави одредени документи до конгресната комисија.
Нему му се заканува затворска казна од две години. Изрекувањето на пресудата е закажана на 21 октомври.
Адвокатот на Банон најави жалба.
Извор: МИА