Приведен прилепчанец кој му го запалил автомобилот на синот

Од:

47-годишен прилепчанец е приведен денеска поради сомневање дека го запалил автомобилот БМВ на негоиот син инфомрираше Министерството за внатрешни работи.

– Постапувајќи по пријава дадена во 16.47 часот според која на улица ,,Бистра Планина” во Прилеп настанал пожар во патничко возило “бмв”, без регистарски ознаки, сопственост на М.К.(26) од Прилеп, преземени се мерки и активности, пожарот е изгаснат од територијалната противпожарна единица, извршен е увид и е констатирано дека пожарот на возилото го предизвикал приведениот, татко на оштетеното лице, по претходна меѓусебна семејна расправија, се вели во соопштението од МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за ,,Предизвикување општа опасност” по чл.288 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко