ВИДЕО: Во Хрватска уапсена поранешна мис на Мексико за кражба на вино вредно 1,6 милиони евра

Од:

Хрватската полиција на граничниот премин со Црна Гора уапси две лица осомничени во Шпанија дека украле 45 шишиња вино вредни неверојатни 1,6 милиони евра. Станува збор за поранешната мексиканска кралица на убавината Присила Лара Гевара (28) и нејзиниот партнер, романско-холандскиот државјанин Константин Габриел Думитра (47). Уапсената Присила учествувала на изборот за Мис на светот.

Шпанија по нив распиша европска потерница, а грабежот на скапото вино се случил во октомври минатата година во Атрио, еден од најугледните шпански ресторани во градот Касерес.

Мексиканската државјанка Присила пред девет месеци влегла во хотел во Касерес и изнајмила соба на рецепција, регистрирајќи се со лажен швајцарски пасош на име Мирка Голубиќ. Во престижниот ресторан на хотелот, кој има две Мишелин ѕвезди, таа резервирала место за вечера за себе и нејзиниот партнер Константин. По вечерата, на покана на домаќинот, двајцата биле да ја видат винската визба.

Шпански Ел Паис пишува дека парот отишол во собата по обиколката на винската визба, а потоа Присила побарала од рецепционерката да и подготви нешто за јадење во 1:30 часот, бидејќи ресторанот бил затворен.

Додека подготвувал десерт во кујната, Константин слегол од собата и со магнетна картичка ја отворил вратата од винарската визба и за десет минути украл 45 шишиња вино. Ги носел во три ранци и ги покрил шишињата со хотелски крпи и чаршафи за да не се скршат и да не прават врева.

Во зори, во 5:30 часот, парот се одјавил од хотелот и мирно си заминал. Персоналот на хотелот само седум часа подоцна забележал исчезнување на 38 ретки шишиња вино Romanee Conti и седум шишиња Chateau d’Yquem од 19 век.

При прегледување на снимките од надзорните камери, полицијата забележала маж и жена чии лица биле покриени со маски за заштита од коронавирус и очила за сонце, а жената имала и перика. Биле потребни три месеци за да се идентификуваат. Подоцна било откриено дека тие исто така три пати го посетиле ресторанот пред грабежот за добро да го проучат местото.

Хрватската полиција го потврди апсењето на двајцата странски државјани кои беа уапсени во понеделникот кога пристигнале од Црна Гора, но не соопштува детали додека шпанската полиција која го откри идентитетот на осомничените одржа прес-конференција во Касерес.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ